Арсенал понуди 72 милиони фунти за Пепе

Фудбалерот Лил Николас Пепе следните денови ќе изврши лекарски прегледи пред да го потпише трансферот во Арсенал, вреден 72 милиони фунти, со што ќе стана најскапиот играч на Арсенал.

Британските медиуми објавија дека двата клуба постигнале договор и истиот ќе биде официјализиран во текот на оваа недела.

Пепе постигна 22 гола на француското првенство минатата сезона и беше втор стрелец на лигата зад Килиан Мбепа од ПСЖ. Исто така, Пепе беше втор најдобар асистент со 11 додавања.

Освен Пепе, Арсенал во летниот преоден рок во своите редови ги донесе и Габриел Мартинели, Дани Себалос како позајмување од Реал Мадрид и Вилијам Салиба од Сент Етјен.

Треба да знаете
Последни објави