Седумнаесет загинати при уривање на авион на пакистанската армија

Најмалку 17 лица загинаа денеска откако се урна авион на пакистанската армија во станбен реон во градот Равалпинди.

Меѓу загинатите се двајца пилоти, тројца членови на екипаж и 10 цивили. Дванаесет луѓе се повредени.

Откако се урнал авионот во реонот на трговскиот комплекс „Раби центар” избувнал голем пожар што зафатил и неколку куќи. Авионот извршувал тренинг-лет и засега причината за уривањето е непозната.

Треба да знаете
Последни објави