Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Марсело, откако најави заминување од мадридскиот клуб, ги разгледува опциите за продолжување на кариерата во Шпанија.
Бразилецот смета дека е способен да игра на највисоко ниво, а животот во Шпанија е приоритет на неговото семејство, каде неговиот син игра во академијата на Реал Мадрид.
Триесет и четиригодишниот Бразилец има три опции: Ваљадолид, Хетафе и Рајо Ваљекано, објави „Мундо Депортиво”.
Марсело одигра 545 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 38 гола и 103 асистенции. Бразилецот беше дел од Реал од 2007 година. Со клубот освои 25 трофеи во Шпанија и во меѓународните натпреварувања.