Челзи одбива да му го позајми Лукаку на Интер за пет милиони евра

 Интер упати првична понуда до Челзи за позајмица на Ромелу Лукаку. Клубот од Милано понудил пет милиони евра за 29-годишниот фудбалер на Белгија, но лондонци ја одбиле понудата, објави инсајдерот Фабрицио Романо, повикувајќи се на „Sky Sport”.

Според изворот, преговорите ќе продолжат оваа недела.

Лукаку веќе му кажа на новиот сопственик на Челзи, Тод Боели и тренерот Томас Тухел дека сака да се врати во Интер.

Претходно се дозна дека „сините” се подготвени да ги намалат барањата за заем на Лукаку од 25 на 12 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави