Над 650.000 потписи за само неколку дена на петицијата против семејно насилство во Русија

Петицијата со која се повикуваат властите да ги заострат законите за семејно насилство во Русија, доби поддршка од 650.000 граѓани кои го дадоа својот потпис за време на големата кампања која се одвиваше на социјални мрежи.

Повеќе од десет блогери и активисти, кои ги следат милиони луѓе на различни платформи, пред десетина дена започнаа кампања со поставување фотографии од жени со модринки, исекотини или други повреди. Под фотографиите е ставен слоганот „Не сакав да умрам“.

Кампањата е дел од рекламата за петицијата за заострување на законите за семејно насилство потпишани од скоро 650.000 луѓе за неколку дена.

Во Русија, малку се зборува во јавноста за оваа форма на насилство.Според официјалните бројки, речиси 16 милиони жени во Русија страдаат од семејно насилство секоја година.

„Секоја трета жена во Русија е претепана од сопруг или партнер. Во Русија, на секои 45 минути, една жена е убиена во семејно насилство“, рече блогерката Олга Крацова.

Треба да знаете
Последни објави