Позната руска блогерка пронајдена во ковчег со пресечен врат

24-годишна руска блогерка е пронајдена во ковчег го пресечен врат. Нејзизните родители се посомневале дека нешто се случило откако таа со денови не одговарала на мобилниот телефон. Тие го контактирале сопственикот на станот каде живеела, кој отишол да ја побара. Сцената што ја видел никогаш нема да ја заборави.

Руската блогерка која е вистинска убавица, Екатерина К.(24) е пронајдена мртва во изнајмен стан во Москва, пренесува Mirror. Цела Русија е потресена од овој случај, кој го опишуваат како „злосторство од хорор филм“.

Русинката е пронајдена гола со пресечен врат и повеќе убодни рани. Убиецот ја ставил 24-годишната девојка во куфер. Се уште не е познато кој е сторителот, но полицијата се сомнева дека станува збор за убиство поради љубомора. Според руските медиуми, Екатерина неодамна раскинала со 32-годишен маж и започнала романса со 27 години постар маж.

Треба да знаете
Последни објави