Кошаркарскиот сојуз на Србија соопшти дека двојниот освојувач на МВП наградата во НБА-лигата, Никола Јокиќ ќе игра за селекцијата на „орлите“ на претстојниот евро-баскет. Веста му ја соопштил на селекторот Светислав Пешиќ. Првенството ќе се одржи во септември, а Србија е во група со Чешка, Израел, Финска, Полска и Холандија.
-Редовно разговараме со сите кандидати, ја следиме нивната форма како и различните ситуации во кои се наоѓаат на крајот од една многу напорна клупска сезона. НБА играчите имаат ограничување на максималниот број денови што можат да ги поминат со репрезентација во едно лето. Никола Јокиќ ќе биде со репрезентацијата од првиот ден кога ќе има дозвола според правилата во НБА, соопштија од КСС.
Неизвесен за настап е Бојан Богдановиќ поради повреда.
-Неговата здравствена ситуација бара трпение за да се врати во најдобра форма, а кога ќе биде тоа не е сигурно. Проценките во овој момент можат да бидат само приближни. Ние сме во редовен контакт, ги следиме и разговараме за плановите и заедничките цели, изјави директорот на репрезентацијата, Драган Тарлиќ.