Етиопија засади повеќе од 350 милиони дрвја за 12 часа

Етиопија засади повеќе од 353 милиони дрвја за 12 часа, што властите сметаат дека е светски рекорд. Акцијата за садење дрвја беше дел од пошироката кампања за пошумување наречена „Зелено наследство“, предводена од премиерот Абиј Ахмед. Милиони етиопјани низ целата земја беа поканети да учествуваат во предизвикот и во првите шест часа, Ахмед твитна дека се засадени околу 150 милиони дрвја.

„Ние сме на половина пат до нашата цел“, рече тој и ги повика Етиопјаните да „садат со засилен интензитет“. Откако заврши 12-часовниот период, премиерот повторно на Твитер објави дека Етиопија не само што ја исполни својата цел, туку и ја надмина.

Во рамки на акцијата биле засадени вкупно 353.633.660 садници на дрвја. Во 2017 година, Индија го постави светскиот рекорд кога околу 1,5 милиони волонтери засадија 66 милиони за 12 часа.

Треба да знаете
Последни објави