Германскиот уставен суд ја отфрли жалбата против надзорот на ЕЦБ

Германскиот уставен суд ја отфрли жалбата против надзорот на Европската централна банка (ЕЦБ) на банките во еврозоната и фондот за преструктуирање кредитни институции.

Одлуката ја објави претседателот на Уставниот суд Андреас Воскле.

Судијата објави дека, по големиот преглед, донесена е одлука врз основа на тоа дека надзорот врз финансиските институции во еврозоната не бил наметнат само од ЕЦБ. Се додава дека националните регулатори сè уште имаат широки овластувања.

Големите банки и банкарските групи се под надзор на ЕЦБ во Франкфурт, Германија, од 2014 година – потег инициран како одговор на финансиската криза 2007-2008 година. Барателите тврдат дека трансферот на регулаторните функции на ЕЦБ не е опфатен со договорите на ЕУ.

ЕЦБ во моментот набљудува 114 институции, вклучително и 19 во Германија. Овие банки имаат речиси 82 отсто од банкарските средства во еврозоната.

Треба да знаете
Последни објави