Американскиот рапер АСАП Роки се изјасни дека не е виновен за нападот по неговиот концерт во Стокхолм.
Раперот, чие вистинско име е Раким Маерс, денес присуствуваше на првиот ден од судењето за инцидентот oд 30 јуни, како обвинет за напад и нанесување на телесни повреди, пренесе агенцијата АП.
Роки во притвор е од 3 јули заедно со двајца членови на неговиот тим поради уличната тепачка во која со стаклени шишиња претепале и расекле еден маж.
Иако во неговиот случај се вклучи и американскиот претседател, Доналд Трамп, кој ги убедуваше шведските власти да го пуштат Роки да се брани од слобода, сепак тој не успеја да издејствува ваква мерка.