Ердоган: Ние сме против секој што е на страната на Израел

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, минатиот викенд рече дека неговата земја ќе му се спротивстави на секој што го поддржува Израел, пренесува РТ.

„Сите што на страната на Израел нека знаат дека ние сме против нив“, рече Ердоган.

Ердоган ги упати своите забелешки во обраќањето пред високи функционери од неговата владејачка партија АКП во Анкара.

„Ние не одобруваме молчење за државниот терор што Израел бесмислено го спроведува во Палестина“, рече Ердоган.

И покрај тоа што не спомна имиња на која било земја, се чинеше дека коментарите на Ердоган се насочени кон САД. Минатата недела, претседателот Доналд Трамп ѝ забрани на Турција да набави Ф-35 поради купувањето на рускиот систем за противракетна одбрана С-400.

„Би сакал уште еднаш да истакнам дека никакви закани или санкциине можат да нè спречат во спроведувањето на безбедносните приоритети на нашата земја“, рече Ердоган во саботата.

Минатата година Ердоган беше жестоко критикуван откако рече дека духот на Адолф Хитлер живее меѓу некои израелски креатори на политики. Ердоган, исто така, го обвини Израел дека е терористичка држава по судирот на границата меѓу Израел и Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, го нарече Ердоган антисемитски диктатор.

„Турскиот диктатор Ердоган ја напаѓа израелската демократија додека турските новинари и судии ги полнат неговите затвори. Каква шега! “, напиша Нетанјаху на Твитер.

Претходно овој месец се појавија извештаи дека Израел помогнал во спречување 50 терористички напади од Исламска држава и Иран во 20 земји низ целиот свет. Дванаесет од нападите требало да се случат на турско тло – некои од нив во периодот кога Турција и Израел ги замрзнаа сите дипломатски врски.

Треба да знаете
Последни објави