Русија потпиша договори со Индија за испорака на околу 1.000 ракети воздух-воздух од различни видови, соопшти прес-службата на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, пренесува „Спутник“.
„Точно е, пред извесно време беа потпишани прилично големи договори за проектили воздух-воздух според кои треба да се испорачаат околу 1.000 различни ракети“, соопшти агенцијата за одбрамбена соработка.
Во понеделникот, индиската новинска агенција АНИ објави дека Њу Делхи потпишал договор со Русија за купување ракети воздух-воздух Р-27.
Проектилите воздух-воздух со среден дострел Р-27Т, Р-27Р и Р-27П се дизајнирани да уништат воздушни цели во секое време, дење или ноќе, и од кој било агол. Р-27 е дизајниран за цели на надморска височина од 20 метри до 25 км со целна брзина до 3.500 км/час.
Претходно, Индија потпиша договор вреден 215 милиони американски долари со Русија за набавка на околу 300 ракетивоздух-воздух со проширен спектар „Р-73“ за својот боречки авион авион Су-30МКИ.