(Видео) Крајбрежна стража во потера по глисер со дрога, шверцерите фрлаa кокаин в море

Американската крајбрежна стража неодамна лоцирала и започнала потера по глисер со дрога, а според извештаите на тамошните медиуми, шверцерите во паника фрлале пакети со кокаин во морето.

Крајбрежната стража успеала да заплени околу 1.000 килограми дрога, чија пазарна вредност се проценува на околу 30 милиони американски долари, пренесе „Дејли меил“.

Објавени се и снимки од Федералната агенција за гранична и царинска заштита на кои се гледа како шверцерите забрзано фрлаат пакувања со кокаин во водата и фотографии од портокаловиот полициски глисер кој ги стигнува криминалците на отворено море.

Крајбрежната стража на САД годинава запленила повеќе од 100.000 килограми кокаин и привела повеќе од 400 осомничени шверцери со дрога.

Треба да знаете
Последни објави