Слабости во спроведување на јавните набавки, во високото образование, во локални самоуправи, како и основа за кривично дело утврдил Државниот завод за ревизија во работењето на институциите во 2017 година. Ова е, како што беше истакнато на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, е наведено во годишниот извештај за работата на ДЗР во 2018 година, а што беше точка на дневен ред на седницата на ова собраниско тело.
-Има повеќе слабости, но може да констаираме дека има и унапредување во работењето на институциите од година во година, рече заменик-главниот државен ревизор Насер Адеми, кој упати на објавените извештаи од страна на ДЗР.
Информира дека во 2019 година има извршено ревизија на 60 институции дека има слабости утврдено.
Оцени дека 2018 година била успешна година за ДЗР, а посочи на проект кој е спроведен и најави дека во индина извештаите од извршената ревизија ќе се разгледуваат во посебна комисија во Собранието и јавноста ќе има можност да се информира каде се потрошени јавните средства.
-Очекуваме извештаите на ревизијата да не остануваат само во фиока на државните институции или пак фиоките на Собранието, туку истите да се разгледаат во посебна комисија за разгледување на извештаите и јавноста ќе може да се информира каде се потрошени јавните средства, рече Адеми.
На седницата поддршка за работата на Државниот завод за ревизија дадоа и пратениците од мнозинството и опозицијата, кои, исто така, искажаа поддршка и потреба од унапредување на неговата работа.
Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека Државнит завод за ревизија професионално ја извршува работата.
-Ревизијата заедно со Парламентот кој заеднички работи во делот на контрола на трошење на јавните финансии и ние и опозиција и мнозинство кажавме дека пред се сме горди што имаме таква институција, кредибилна, со професионални лица кои работат во исполнувањето на своите задачи. Меѓутоа во Собранието при разгледување на тие ревизии да ја подигнеме свеста на граѓантие да го слушнат тоа, бидејќи има многу забалешки, рече Кузмановска.
Таа повикувајќи се на Годишниот извештај посочи дека 21 конечен извештај е доставен до Јавното обвинителство во кој е оценето дека има кривично дело.
-Во извештаите се утврдени слабости во јавните набавки, од она што е евалуација на понудата, реализација на склучените договори, потоа во високото образование, во локалната самоуправа како што се Охрид, Штип, Чашка, каде што има нерегуларности во спроведуваењ на законската регулатива во донесувањето ДУП, доделување градежно земјиште. Јавноста треба да слушне, но и институциите да го спровеат, рече Кузмановска.
Поддршка на работата на Државниот завод за ревизија даде и Диме Велков од СДСМ кој истакна дека тоа не е институција која треба да плаши, туку помага во однос на работењето на институциите и препораките да ги почитуваат.
Инаку, институцијата е без главен ревизор од крајот на 2017 година и како што оцени Адеми функционира без проблеми. Заменикот може да ја врши работата уште три месеци, опозицијата пелираше дека треба што поскоро да се избере прв човек.
Илија Димовски, кој е претседател на Комисијата за прашања на избори и именувања, рече дека таа точка беше на дневен ред денеска на седницата и дека е одложена и ќе продолжи на 27 август, за да се остави простор за усогласувањето.
-Има десетина кандидати. Досега по барање на владеачкото мнозинство беше одложувана оваа точка. Во моментов со ДРЗ раководи со заменикот кој има мандат уште три месеци, рече Димовски.
Како претставник од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Димовски, смета дека предлогот за раковдител на Државнит завод за ревизија треба да дојде од една од опозициските пратенички групи, со што, како што вели, Владата ќе покаже силен став дека нема што да крие на начин на кој ги троши буџетските средства и ќе довери стручно лице да раководи со оваа институција.