Унгарија ги посрамоти Англичаните, Германија со „петарда“ ја уништи Италија (ВИДЕО)

Германија запиша убедлив триумф против европскиот шампион Италија со 5-2, додека Унгарија ги посрамоти Англичаните со 4-0 во четвртото коло од Лигата на нации.

Германците ги користеа своите шанси пред голот на Донарума, па прво во листата на стрелци се запиша Кимих, а потоа и Гундоган од пенал во судиското надополнување на првиот дел.

Целосен распад следеше на „аѕурите“ во вториот дел, кога примија уште три гола за 25 минути, и тоа еден од Милер и уште два од Вернер, па на Италија не ѝ остана ништо друго, освен да нападне со сите сили и успеа да постигне два погодоци преку Гното и Бастони.

Англичаните доживеаа еден од најголемите порази во последно време, а можеби и во историјата, откако Унгарија ги здроби со 4-0.

Хоророт за „Гордиот Албион“ почна во 16. минута Салаи погоди за 1-0, а потоа во вториот дел истиот фудбалер зголеми и на 2-0 во 70. минута.

Избраниците на Саутгејт се обидуваа да се спасат од срам, но доживеаа дебакл, откако Унгарија даде уште два погодоци до последниот судиски свиреж и запиша триумф од 4-0.

Унгарија е прва во групата 3 со седум бодови, по што следи Германија со шест, Италија има пет, а Англија само два.

Треба да знаете
Последни објави