Сезмологот Целентис демантира дека најавил апокалиптичен земјотрес на Балканот,Рама го иронизира писмото на Мета

Грчкиот сеизмолог Акис Целентис демантира дека предупредил оти Балканот ќе го погоди апокалиптичен земјотрес.

-Не се работи за никаква моја изјава или најава. Тоа е една смешна работа, изјавил Целентис за Albanian.com.

Повикувајќи се на изјава на сеизмологот, шефот на албанската држава Илир Мета во функција на претседател на Советот за безбедност упати писмо до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за одбрана Олта Џачка.

-Сеизмологот Целентис предупредува за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, што може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од тој природен феномен, се вели во писмото од Мета.

Тој бара информации за предупредувањето и можни мерки и вели дека е подготвен да го свика Советот за национална безбедност.

Во меѓувреме советникот на Мета, Бахри Шаќири, попладневно го повтори апелот до надлежните дека треба да се превземат итни мерки поради најавите за апокалиптичен земјотрес.

Премиерот Еди Рама писмото на Мета го иронизираше, велејќи дека „може да потпише уредба и за земјотрес, па потоа да ја повлече”, асоцирајќи на уредбата потпишана од страна на Мета за локалните избори, што првично ги закажа за 30 јуни, па ја повлече истата и потпиша друга за 13 октомври.

Треба да знаете
Последни објави