Пендаровски го прими пратеникот Зеќир Рамчиловиќ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, го прими пратеникoт во Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ.

Пратеникот Рамчиловиќ го запозна претседателот Пендаровски со неговите ставови и иницијативи во врска со учеството на помалку бројните етнички заедници во изработката на Законот за попис. Пратеникот Рамчиловиќ исто така го запозна Претседателот и со иницијативата за загарантирани пратенички места во Собранието за помалку бројните етнички заедници.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, смета дека успешното спроведување на најавениот попис како и правото на фер, слободни и демократски избори, се важен фактор за европските интеграции на државата, а во функција на просперитетот на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави