Напаѓачот на Милан, Патрик Кутроне, следната сезона ќе игра во Премиер лигата, поточно во Волверхамптон.
Веста ја потврди и самиот италијански клуб, а медиумите наведуваат дека за овој трансфер Милан ќе заработи 20 милиони евра.
Неговиот трансфер е потврден и од страна на англискиот клуб кој има респактибилна екипа и продолжува да се гради.
Инаку, Кутроне во текот на минатата сезона во Серија А настапи на 34 натпревари, а постигна три гола.