Русија ја бојкотира конференцијата за Венецуела

– Русија одлучи да не учествува на конференцијата посветена на ситуацијата во Венецуела, а како причина ја наведе формата на разговорите што ќе се одржат во Лима, јавија локалните медиуми.

Според руското Министерство за надворешни работи, земјата детално ја разгледала поканата на перуанското МНР за состанокот закажан за 6 август.

– Пред се, не сме убедени во правилноста на пристапот во кој дискусијата за „демократскиот проблем” во Венецуела може да се одвива без Венецуелци, претставници на Владата на претседателот Николас Мадуро и другите политички сили. Не сме сигурни дека еднодневната средба, на која ќе учествуваат околу 100 делегации, кои ќе се придржуваат кон различни ставови, ќе успее да најде пристап за решавање на сложените проблеми на Венецуела, коментира Министерството за надворешни работи во Москва.

Треба да знаете
Последни објави