Завршил во болница откако проголтал дрога пред царинските службеници

Државјанин на Албанија бил пренесен во болница откако вчера на Ќафасан за да не го фати полицијата, ја проголтал белата материја што ја носел со себе.

Како што соопшти МВР, околу 22 часот на граничниот премин Ќафасан на влез земјава, при контрола на патничко моторно возило „пежо“ со албански регистарски ознаки, управувано од албанскиот државјанин A.H.(45), каде како сопатници во возилото биле A.А.(24) и Л.К. (29), од царински службеници извршен е преглед на возилото и во футрола за очила пронајдена е бела материја. Во просториите на царина на Ќафасан А.Н. ја земал и ја проголтал.

Лицето е префрлено во Медицинскиот центар во Струга, каде што му е укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави