Според турските медиуми македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски е блиску до трансфер во редовите на актуелниот шампион во земјата Трабзонспор. Алиоски по една година поминато во Саудиска Арабија е подготвен да се врати во Европа дури и за помала плата од таа што ја добива во Ал Ахли.
Алиоски во Трабзон би заработувал два милиони евра годишно, тоа е за половина милион помалку од тоа што ја зарабпотува во Саудиска Арабија. Понудата од два милиона на Трабзон значи дека турскиот првак Трабзон ја зголемил понудата за македонскиот фудбалер, кого во минатото лето го сакаше во своите редови за 1,8 милиони евра плата по сезона.
Според турскиот новинар Бариш Јурдусевен од националната ТРТ, Алиоски имал видео разговор со тренерот на Трабзон, Абудала Авчи кој му објаснил сѐ за клубот, за градот и за атмосферата.
Трабзонспор ќе треба да постигне договор и со клуб Ал Ахли, бидејќи Алиоски има важечки договор.