Помпео се надева дека ќе продолжи дијалогот со Пјонгјанг

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео изрази надеж дека наскоро ќе продолжат разговорите за нуклеарната програма со Северна Кореја, и покрај балистичките тестови на Пјонгјанг.

Помпео изјави дека се извршени прелиминарните подготовки за новата рунда преговори, но оти се уште не е одреден датумот, пренесе „АП“.

Тој изрази уверување дека во Бангкок, каде престојува во моментов, ќе се состане со севернокорејскиот министер за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави