Николов: Во фудбалот се е можно

Македонската фудбалска репрезентација со победата против Гибралтар (4:0) и ремито на Грузија со Бугарија (0:0) остана во игра за првата позиција во групата. Репрезентативецот Бобан Николов не крие дека го боли поразот од Грузија, но потсетува дека во фудбалот сè е можно. До крајот на групната фаз остануваат уште два меча во септември на кои „црвено-жолтите“ ќе се обидат да ги победат Грузија во Тбилиси и Бугарија во Скопје и да го освојат посакуваното прво место во групата.

-Ме мачи малку поразот од Грузија, но еве денеска тие ремизираа. Во фудбалот сите опции се можни. Сега треба да се одмориме и во септември пак да се обидеме да го попрвиме пропуштеното. Момците кои дебитираа одиграа одлично. Ние сме тука да им помогнеме да се вклопат, вели Николов.

Треба да знаете
Последни објави