Македонските надежи го решија и вториот тест со БиХ

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година и вторпат на тест дуелите ја победи соодветната селекицја на Босна и Херцеговина во Скопје, овојпат со 2:1. Пред два дена македонските надежи победија минимално (1:0) со голот на Луан Абази. Селекторот Драган Канатларовски – Цапар но овие тестови проверуваше нови млади сили кои треба да бидат окосница на тимот во наредниот квалификациски циклус.

Мрежита на мечот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се тресеа во првото полувреме, а вториот дел имана без преголеми возбудувања.

Првиот погодок во 24 минута беше дело на Арда Окан Курталан, фудбалер на турскиот Фенербахче. Десте минути подоцна истиот играч вторпата ги матираше гостите, а во меѓувреме македонските надежи ја погодуваа и рамката од голот на БиХ, која во 41 минута постигна гол, кој беше и конечен резултат.

 

Треба да знаете
Последни објави