ФИФА ги објави имињата на кандидатите за насловот најдобар тренер на светот, во изборот на фудбалските награди “The Best”, кои ќе се одржат на 23 септември во Милано.
Пеп Гвардиола е првиот фаворит за наградата, бидејќи неговиот Манчестер сити минатата сезона освои се што можеше да освои во англиското првенство, но во Лигата на шампионит потфрлија во четвртфиналето. Негов најсериозен конкурент е Јирген Клоп, кој со Ливерпул ја освои Лигата на шампиони.
Останатите имиња се Џамел Белмади, селекторот на Алжир, кој го освои Африканскиот куп на нациите, Дидиер Дешамп, селекторот на Француска, Марсело Галардо, кој го освои Копа Либертардоред со Ривер Плата.
Во листата се и Маурицио Почетино од Тотенхем, кој играше на финалето на Лигата на шампиони, селекторот на Португалија, Фернандо Сантос, првиот победник на новото УЕФА натпреварување Лига на нациите, тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, и Тите селекторот на Бразил, кој ја освои Копа Америка.