Бугарскиот фудбалер Тодор Неделев е тешко повреден во сообраќајна несреќа која неговата репрезентација ја доживеа синоќа во Тбилиси, Грузија.
На пат кон хотелот во Тбилиси, во пресрет на натпреварот меѓу Грузија и Бугарија во Лигата на нации, еден автобус на бугарската репрезентација удрил во друг поради преголемата брзина и лизгавиот коловоз.
Со предниот десен крај, тој удрил во задниот дел од автобусот пред него, при што черепот на Неделев бил нагмечен, па тој бил итно пренесен во болница.
Неделев бил итно опериран. Процедурата траела повеќе од два часа, а според првите информации од черепот морало да му се извади парче стакло. Играчот за врска на Ботев од Пловдив ќе остане под надзор на лекар во болница една недела.
Во 3. коло од Лигата на нации, Бугарија сензационално испушти бодови од Гибралтар играјќи 1:1. Репрезентацијата потоа отпатува за Грузија, каде утре треба да игра против тамошната репрезентација, но доживеа несреќа која веројатно нема го одложи натпреварот.
#BREAKING The buses of the ???????? Bulgarian national football team crashed into each other after leaving the airport in Tbilisi.
A Bulgarian player Todor Nedelev was reportedly hospitalized. pic.twitter.com/wSWyCYrFiC
— Visioner (@visionergeo) June 10, 2022