Само неколку дена по смртта на неговата мајка Адам Смит од Сент Луис во замрзнувачот нашол кутија , во која имало мумифицирано новороденче. Адам знаел за кутијата , но мајка му , која починала од карцином , никогаш не му дозволила да ја отвори.
Тој претпоставувал дека во неа мајка му чува парче невестинска торта или сличен спомен , но не можел ниту да помисли дека ќе наиде на мумифицирано тело на своја сестра.
Aдам во неделата повикал полиција и истрагата покажала сдека навистина станува збор за женско новороденче , кое мајката го замотала со розево кебенце и го облекла во фустанче. Адам претпроставува дека мајка му не му кажала што има на кутијата ниту на смртната постела зашто направила нешто лошо и не сакала да има проблеми со законот.
Роднините подоцна му кажале дека мајката родила близнаци од кои едното починало , а другото го дала на посвојување.