Марадона беше успешно опериран, повторно прооде

Марадона беше успешно опериран, повторно прооде

Диего Марадона беше успешно опериран на десното колено, а неговиот хирург, Диего Ејхаршет појасни што ја очекува фудбалската легенда во процесот на рехабилитација и по него.

– Успеавме целосно да го рехабилитираме коленото на Марадона, вградувајќи специјална протеза со која истото ќе функционира нормално.

– Ако постоперативниот период помине добро и нема никакви инфекции, Диего ќе може да оди нормално за 30 до 60 денови. Што се однесува до ограничувањата, тој ќе може да игра фудбал со своите внуци, но не и со професионалци. Сепак, со оглед на возраста и не очекувам дека би прифатил такви предлози, – истакнал хирургот на Марадона.

Диего Марадона сè уште има потреба од помош од други луѓе за да оди, но сепак напиша дека оди „како што не го сторил тоа во последниве 15 години“.

https://www.facebook.com/diegomaradona/videos/460953061154068/?v=460953061154068

Треба да знаете
Последни објави