Кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, кого списанието Форбс го прогласи за прв активен играч во НБА лигата вреден една милијарда долари, има нов цел, јавија американските медиуми, наведувајќи дека сака да купи НБА екипа, чие седиште ќе биде Лас Вегас.
– Сакам да бидам сопственик на екипа, сакам да имам екипа во Лас Вегас, рече Леброн Џејмс во најновото издание на шоуто „The Shop”.
Лас Вегас и Сиетл често беа споменувани како градови за ширење на НБА лигата, но комесарот на натпреварувањето Адам Силвер претходно оваа недела изјави оти не размислува за експанзија на Лигата.
Леброн Џејмс е сопственик на компанијата „SpringHill”, која се занимава со продукција на филмови, а има удел и во групацијата „Fenway Sports” во чија сопственост се безбол клубот Бостон Ред сокс, премиерлигашот Ливерпул и НХЛ екипата Питсбург.