Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од два гола на дуелот со Грузија во Скопје, во рамките од 3. коло во групата Ц4 од Лигата на нации.
Полувремето заврши без голови, но по еден час игра Грузија постигна два погодока, најпрво во 52. минута преку Зивзиадзе, а десетина минути потоа и преку Квича Кваратшкелија ја направија предноста речиси недостижна за македонските репрезентативци.