Селекторот македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ, попладнево го објави поширокиот список на играчи на чии услуги ќе смета во третиот, последен квалификациски прозорец за Светското првенство закажано за идната календарска година.
На списокот на Бајиќ се најдоа:
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Бобан Стајиќ – Пелистер
Ненад Димитријевиќ – Валенсија, Шпанија
Лука Савиќевиќ – МЗТ Скопје Уни Банка
Рубин Стефанов – Канту, Италија
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Митревски – Феникс 2010
Виктор Ефремовски – Гостивар
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Максим Митевски – МЗТ Скопје Уни Банка
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Димитар Иванов – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Јакимовски – Вашингтон Кугарс, САД
Лука Стојановски – Еуро Никел 2005
Марко Миловановиќ – Ју Ви Кремона, Италија
Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка
Ваљмир Какруки – Работнички
Амар Хот – Феникс 2010
Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
Џејкоб Вајли – Шига Лејкстарс, Јапонија
Љубомир Младеновски – Пелистер
На 1 јули, македонските репрезентативци ќе се пресметаат со актуелниот светски шампион Шпанија, а три дена подоцна ќе си ги одмерат силите со Украина, во Скопје.
Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи на 25 јуни, во СЦ „Борис Трајковски”.