Две француски тинејџерки (16 и 19) се удавија во хотелски базен во областа Лалисос на Родос, соопштија властите и додадоа дека причините за несреќата засега се познати.
Веста за несреќата била добиена во средата околу 21 часот кога на базенот немало спасувачи, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.
Телото на едната девојка е пронајдено како лебди на површината на водата, додека другото било пронајдено на дното, а според пишувањата на локалните медиуми, едната настрадала обидувајќи се да ја спаси другата сестра.
Поради несреќата, локалниот обвинител побарал апсење на менаџерот на хотелот и спасувачите кои би требало во петок да дадат изјава.
Во меѓувреме, грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис изјави дека министерството ќе ја следи истрагата.
Девојките биле на Родос со уште една сестра.