Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс изјави дека клубот не го информирал за намерата да им ги намали платите на играчите, потенцирал дека е лут, бидејќи информацијата ја дознал од медиумите.
Бускетс има намера лично да разговара со претседателот на клубот Џоан Лапорта и со играчите за ситуацијата во која се наоѓа клубот.
„Слушнав многу муабети, кога ќе се вратам од годишниот одмор не знам што ќе ми кажат во клубот. Каква одлука и да донесат би сакал лично да ми ја соопштат, не сакам за клупските одлуки да дознавам од медиумите. Тие не ни предложија, не ни кажаа ништо што и вие не сте слушнале“, изјавил Бускетс и дополнил.
„Ништо не ме изненадува, тоа е дел од играта, но мислам дека не е добра одлука тоа да се направи преку медиумите, секогаш е подобро да се разговара директно, лице в лице. „Секогаш сум подготвен да помогнам и да го најдам најдоброто решение, поради тоа би сакал да се сретнам со претседателот и да разговарам, а не да дознавам работи од медиумите.“
Бускетс влегува во последната година од договорот со Барселона, а раководството би можело да му понуди нов договор со помала плата.
Тој одигра 50 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и му помогна на клубот на крајот да го заземе второто место на табелата во Примера.