Јакоб Јохансон донесе минимална победа за Шведска во првиот натпревар против Италија од баражот за мундијалот во Русија, неговиот удар се одби од Де Роси и го измами Буфон
Во интересен натпревар на Френдс Арена во Стокхолм, Шведска славеше со 1-0 над Италија.
Домаќините со доза на среќа ќе патуваат за Милано со еден гол предност.
Херој на Швеѓаните е Јакоб Јохансон, неговиот удар во 61. минута се одби од еден играч на Италија и го измами Џиџи Буфон.
„Аѕурите“ по негативата силно притиснаа по изедначување. Гостите креираа неколку шанси, Дармијан ја погоди пречката, но мрежата на Шведска остана незатресена.