Не сакам ни да помислам дека може да дојде до тоа – јас да кренам рака против Македонија е недозволиво“ одговори премиерот на Бугарија Бојко Борисов на прашањето дали Бугарија може во октомври да го блокира почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.
„Ако дотаму стигне работата ќе ни се смее цела Европска унија. Ова прашање е понижување за двете земји – ако јас речам да и мојот колега ќе рече – ако ни ставате такви услови и ние ќе бидеме против. Зоран е сведок како јас сум се борел со Франција и Германија и ние да дозволиме Македонија да биде блокирана не сакам ни да помислам- рече Борисов на заедничката прес конференција со премиерот Заев.
Борисов побара од комисите на двете земји да работат секојдневно и до октомври да постигнат компромис за Гоце Делчев.
„Јас имам лимит и до знам до каде можам да одам за да не ме обвинат дека сум ја предал историјата. Комисите мора да најдат решение до октомври. Мора да се постигне компромис“ рече Борисoв.