Украл сеф со пари од фирма па избегал со нивен камион

Сеф со пари и камион биле украдени од градежна фирма во Гази Баба, информираат од МВР.

На 30/31.07.2019 година во времето од 23,00 до 07,30 часот во Скопје на улицата Радован Ковачевиќ во магацин за градежни материјали, сопственост на Б.Р.(48) од село Стајковци, непознат сторител  одзеле еден метален сеф со пари и документи од фирмата и товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки. Од страна на полициски службеници било пронајдено возилото и се превземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави