Селекцијата на Белгија ја оствари најубедливата победа во дивизијата А од фудбалската Лига на нации постигнувајќи половина дузина голови против Полска (6:1).
По шокантниот пораз од Холандија на домашен терен (1:4) во вториот натпревар избраниците на селекторот Роберто Мартинез демонстрираа моќ против Полска која прва постигна гол. Во 28 минута, Роберт Левандовски го отвори резултатот, но до крајот на првиот дел Белгија успеа да дојде до израмнување преку Аксел Витсел. Во второто полувреме, Полјаците доживеаја вистински дебакл, примија дури пет гола за 45 минути. Пресвртот го донесе Кевин де Брујне во 59 минута, по што Леонард Тросар постигна два гола, во 73 и 80 минута. Во 83 минута, Ленадер Дендонкер зголеми на 5:1, а точка на натпреварот стави Лоис Опенда во судиското продолжение.
Холандија дојде и до втората победа во вториот натпревар на гостински терен во Лигата на нации. Овој пат „лалињата“ славеа со 1:2 на гостувањето кај Велс. Кумпајнерс во 50 минута и донесе предност на Холандија по што немаше возбудувања се до судиското продолжение. Во втората минута од продолжението Норингтон-Дејвис го израмни резултатот, но само две минути подоцна Вегхорст и донесе триумф на Холандија.
Во дивизијата Б, Украина со голот на Циганков славеше на гости против Република Ирска, додека Шкотска беше сигурна против Ерменија. Реистон и Меккена со головите во првото полувреме и донесоа триумф на Шкотска од 2:0.