Жарко Пешевски нашиот ракометен репрезентативец и официјално се збогуваше со својот досегашен клуб, Штутгарт од Бундеслигата. Имено познато е дека Пешевски својата кариера ќе ја продолжи дома, и тоа во Е. Пелистер.
Во изјава за клупскиот сајт на Штутгарт, Пешевски покрај другото истакна дека му било чест што имал можност на овој клуб во досегашниот период и му посакува се најубаво во иднина.
Исто така и раководството на Штутгарт му се заблагодари на Македонецот за се она што тој го даде за клубот во изминатите три сезони.