Полицијата во Загреб пронајде шест тела во една куќа во населбата Кајзерица.
Според првичните сознанија, жртвите се убиени со огнено оружје, а убиецот засега е во бегство.
знеофицијално, убиено е цело семејство, а преживеало само седуммесечно бебе.
Околу 21 и 30 полицијата добила телефонски повик од жители во Нов Загреб , кои алармирале дека се слушаат пукотници.
Кога пристигнале во Цимерманова улица, убиецот бил избеган, а зад себе оставил 6 мртви тела.
Цел Загреб е во опсадна состојба и се трага по сторителот на овој масакр.