Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид постигна денеска начелен договор со францускиот прволигаш Монако за трансфер на играчот за врска Орилиен Чуамени за што Кралскиот клуб ќе плати обесштетување од 100 милиони евра.
За Чуамени беа заинтересирани и Манчестер јунајтед, Ливерпул и ПСЖ, но тој одлучи да го одбере Реал, јави „Атлетик”.
Чуамени беше клучен играч сезонава во составот на Монако, кој заврши третопласиран, а обезбеди и стандардно место во репрезентацијата на Франција.
Во Монако дојде во 2020 година од младинската академија на Бордо.