Делегација на СДСМ  во Крушево го одбележа  Денот на Републиката

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски заедно со Душко Весковски, организационен секретар, Костадин Костадинов, член на ИО на СДСМ и Милена Курета од СДММ денеска го чествуваше големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, положи свежо цвеќе и оддаде почит пред гробот на Никола Карев, пред споменикот на Слива „На хероите на Слива” и пред споменикот на Мечкин Камен.
СДСМ останува посветена да го следи патот зацртан со Илинденското востание од 1903 и заседанието на АСНОМ од 1944 и заедно со граѓаните да гради слободна, еднаква и демократска држава, пријател на регионот и светот.
Треба да знаете
Последни објави