Проклетството продолжува: Внуката на Роберт Кенеди починала од предозирање

Внуката на Роберт Кенеди, Сера Кенеди Хил (22) е пронајдена мртва во семејната викендичка во Хајанис Порт во Масачусец, а Њујорк тајм пренесува дека веројатно се предозирала…
Како што се наведува, таа се наоѓала во куќата на својата баба Етел (91), сопругата на Роберт Кенеди, убиен во 1968. година, а кога во четвртокот попладне брза помош ја довезла во болница била константирана смрт.

Како што се наведува, портпаролот на болницата не се одѕвал на повиците на агенцијата Ројтерс, како ниту други официјални лица, меѓутоа Њујорк тајмс, Бостон глоуб и други медиуми се повикуваат на соопштението на семејството Кенеди во кое е потврдена смртта на девојката, што е последна во низата трагедии на едно од најпознатите американски политички династии.
„Срцата ни се скршени поради загубата на нашата сакана Серша. Нејзиниот живот беше исполнет со надеж, ветувања и љубов“, се наведува во соопштението на семејството.

Њујорк тајмс се повикува на два неидентификувани извори блиски до семејството кои тврдат дека девојката се предозирала.

Треба да знаете
Последни објави