Премиерот, Зоран Заев, од денеска, според најавите од Влада заминува на одмор. Прво ќе летува во Охрид, а потоа заминува во Грција. Христијан Мицкоски по вчерашниот ден когагопрослави Илинден исто така заминува на одмор. Тој ќебиде една недела во Хрватска.
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска веќе е на годишен одмор од 25 јули до 5 август во Скандинавија. Во овој период одмори најавија и вицепремиерите Кочо Анѓушев, односно Бујар Османи во Грција и Албанија.