Се удави маж во Лагадин, скокнал и удрил со глава во камен

На 02.08.2019 година во 20,00 часот било пријавено дека во Охрид на плажата „Лагадин“, Д.Л.(35) од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата. Од здобиените повреди, при  транспорт во болница, истиот починал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави