Најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово денеска (ЛДК) денеска ќе го одржи своето 9. Изборно собрание, на кое треба да избере нов претседател на партијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Партиските раководни структури вчера и завчера одржаа консултативни состаноци, на кои се обидоа да постигнат договор за консензуален кандидат, меѓутоа не истапија со информација дека успеале да се договорат.
Неименувани извори од партијата, сепак, за медиумите изјавија дека најверојатно консензуален кандидат ќе биде досегашниот лидер Иса Мустафа.
Собранието е закажано за во 10 часот во приштинскиот хотел „Емералд” и ќе се одржи зад затворени врати, а јавноста ќе се информриа за резултатите по нејзиното завршување, на прес-конференција.