Барселона се надева на солиден следен трансфер на Малком

Се појавија нови детали околу трансферот на напаѓачот Малком од Барселона во Зенит.

Покрај договорените 40 милиони евра, Каталонците ќе добијат 7,5% од следниот трансфер на Бразилецот, информира „Ел Мундо Депортиво”.

Договорот опфаќа и други 5 милиони кои Зенит може да ги плати Барса како бонуси.

Малком потпиша петгодишен договор со тимот од Санкт Петербург. Неговата плата во Русија ќе изнесува 6 милиони евра годишно.

Треба да знаете
Последни објави