Пукал на свадба, ранил две жени

На 03.08.2019 околу 01,30 часот од страна на полициски службеници на ПС Гостивар приведен е Б.Х. (53) затоа што половина час по полноќ, на свадбена свеченост организирана во дворот на неговата куќа во гостиварското село Чајле, пукал со пиштол и им нанел повреди на Х.И.(44) и М.М.(35) од Чајле. Двете жени се пренесени во гостиварската општа болница за укажување на лекарска помош, Извршен е увид под раководство на јавен обвинител. Б.Х. е задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави