Борусија (Дортмунд) го изненади Баерн Минхен и оствари победа од 2:0 на „Сигнал Идуна Парк” и го освои германскиот Суперкуп.
Ова е шести ваков трофеј во клупската историја, откако Рурците го освоија и во 1989, 1995, 1996, 2013 и 2014 година.
Домашната екипа беше подобра на теренот во поголемиот дел од натпреварот и го заслужи трофејот, а тој дојде откако Алкасер постигна гол во 48-та минута, а погодокот на Санчо во 68-та практично реши сè.