Јуниорите загубија од Израел и ќе се борат за „бронзата” со Чешка

Mашката јуниорска репрезентација на Северна Македонија на Европското првенство за кошаркари до 18 години го доживеа првиот пораз по девет дена откако започна натпреварувањето во Романија.

Нашите јуниорски репрезентативци минаа низ групната фаза без пораз, а потоа ја поразија и Естонија во рамки на четвртфиналето, но во полуфиналниот натпревар против Израел го запишаа првиот пораз со 66-78.

Согласно системот за натпреварување, првите три пласирани репрезентации идното лето ќе настапуваат во најдобрите шеснаесет во Европа. Па така, нашите јуниори денес против Чешка (17:30) ќе имаат шанса за пласман во А дивизија во натпреварот за трето место.

Треба да знаете
Последни објави