Бројот на настрадани во вчерашното превртување на три траекти помеѓу филипнските провинции Гуимарос и Илоило, порасна на 25 лица, откако спасувачите извлекоа уште тела од немирното море.
Како што пренесе „АП“, шест лица се водат за исчезнати.
Првично беше соопштено дека 11 лица го загубиле животот кога трактите се превртеле среде лошото време и силниот ветер.
Портпаролот на регионалната полиција, Хоем Хавиер рече дека жртвите се патници од двата траекта од кои биле спасени 55 лица, вклучувајќи ги и членовите на екипажот.
Според неговите зборови, на третиот траект немало патници, а членовите на екипажот биле спасени.